Аватар ја изгуби титулата: филм со најголема заработка во историјата

Режисерот Џејмс Камерон нема добра недела, бидејќи неговиот ”Avatar” по 9 години ја изгуби титуала филм со најголема заработка во историјата. Режисерот кој е познат по рекордите, неговото задоволство од чувството дека е недопирлив на тронот го сруши  ”Avengers: Endgame” кој го режираа Ентони и Џо Русо.

Претседателот на Марвел студиото Кевин Фиџ, оваа информација ја објави на овогодинешната конференција на ”Comic-Con” во Сан Диего. ”Avengers: End Game” во последните два дена, на вкупната заработка од 2,1 милијарди долари додаде дополнителни 2 милиони и така го престигна Аватар кој имаше респектабилна заработка од 2,23 милијарди долари.

ББЦ истакнува дека овие бројќи не се прилагодени на инфалицјата. Џејмс Камерон може да се надева дека во случај на прилагодба, и натаму да остане на прво место, а исто така тука е и неговиот нов адут, продолжението на Аватар, кој треба да излезе во 2021 со кој ќе добие шанса да го помести новиот рекорд на Марвел.