Адвокатите на Јанева вршеа увид во пи-мерките – Боки 13 и Кичеец биле следени еден месец пред да бидат уапсени

Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец осомничени во случајот „Рекет“ биле следени речиси еден месец пред да бидат уапсени. Ова се дел од доказите обезебедени со посебните истражни мерки кои им биле дадени на увид на адвокатите на екс специјалната обвинителка Катица Јанева. Освен снимките од безбедносните камери и аудио снимките на кои се слуша нејзиниот глас, тие потврдија дека ги виделе и ПИ мерките применети врз Јанева, односно дека и таа била следена десет дена пред да ја уапсат на 21 август, објави Канал 5.

Јанева очекува и одлука на судот за определениот притвор. Апелација го чека мислењето од Вишото јавно обвинителство откако адвокатите се жалеа на одлуката на Кривичен да и го продолжи притворот, но обжалена е и одлуката на судијата на претходна постапка од Кривичниот суд кој не ја прифати понудената гаранција во замена за поблага мерка.

Адвокатите кои и денеска реагираа бидејќи не го виделе исказот на Кичеец, а обвинителството ја заврши истрагата, очекуваат Јанева да замине во домашен притвор.

Екс шефицата на СЈО која е трето-осомничена за случајот Рекет своја одбрана најверојатно ќе даде до крајот на неделата.

Loading...