Ако ги перете шарените алишта на 30 степени – правите огромна грешка

Ако ги перете шарените алишта на 30-40 степени правите огромна грешка. Многу домаќинки сметаат дека високите температури можат да ја оштетат ткаенината.

Посебно е опасна температурата од 30 степени бидејќи бактериите како и опасната Ешерихија Коли брзо се размножуваат. Експертите советуваат да перете на 60 степени.

Пробајте го овој едноставен трик ако вашите пешкири не мирисаат и по перењето

Доколку се мачите се груби пешкири кои не мирисаат по перењето, не се грижете. Постои едноставно решение кое се наоѓа во вашата кујна.

Ова може да го решите со сода бикарбона во комбинација со оцет, а оваа мешавина инаку е позната како драгоцена помош во домаќинството.

Сепак, пред да ја употребите имајте на ум дека пешкирите треба да се исперат на висока температура за да се уништат сите бактерии, но и да го нема непријатниот мирис.

Пешкирите треба да ги перете на 60 степени, но ако и после тоа не мирисаат машината вклучете ја на 90 степени. Доколку и по ова пешкирите го задржале непријатниот мирис, употребете сода и оцет.

Половина часа оцет ставете директно во машината за време на циклусот на плакнење, додека половина чаша сода потребно е да се стави во циклусот на перење.

Оцетот ќе ја омекне ткаенината, ќе ги отстрани дамките и бактериите додека содата ќе ги неутрализира потенцијалните мириси, но и дамките од храна и масло.

Loading...