Ако дојде до војна, оваа карта покажува кој би се борел за својата земја

“Ако дојде до војна, дали би се бореле за својата земја и би го ризикувале својот живот? ” Ова прашање е поставено во истражуваето на ГАЛУП кое е спроведено во 64 земји во светот.

Анкетирањето е извршено над 62.398 испинатици односно по 1000 од секоја земја. Просекот на глобално ниво е дека 61% би биле спремни да се борат за својата земја, додека 27% одговориле дека не би ризикувале ако дојде до војна. Очекувано поголем процент мажи одговориле потврдно на прашањето (67%), но изненадувачки е и високот број на жени (52%) кои се спремни да војуваат.

Од европските држави, изненадувачки најголем процент има Финска (74%), а најмал Холандија (15). Кога се во прашање балканските земји најголемо расположение за војување има во Косово (58%), потоа во БиХ (55%), Србија (46%) и Македонија (38%).

На религиска основа муслиманите се најподготвени за војна, дури 78% од нив. Потоа следат хиндуистите (77%), будистите (66%) и атеистите со 57%. Меѓу христијаните највоинствени се православните (53%), а тука некаде се и католиците (52%), додека протестантите имаат помал процент (48%). Околу половина од Евреите изјавиле дека се спремни да одат во војна, односно 51%.

Впечатливо и мошне интересно е што поразените од Втората Светска војна, силите на Оската се меѓу оние кои имаат најмал процент во оваа истражување. Јапонија има само 11% од граѓаните кои би се бореле доброволно долкоу нивната земја завојува. Тука некаде се и Германија (18%), Италија (20%) и Бугарија(25%).

Еве ја табелата со резултатите на светско ниво.