Албански свадбари го кренале Хамбург во ”воздух”, полицијата запленила димни бомби, чаури и дрога

Германската полиција во Хамбург запре колона на возила со свадбари Албанци, а по претресот кај нив се пронајдени димни бомби, марихуана и чаури, јавува Коха Јоне. 

Германските медиуми јавуваат дека настанот се случил во Хамбург во близина на железничката станица Дамтор. А била запрена долга колона од 20 автомобили. Според локалните медиуми, сведоците виделе долга колона на автомобили во албанска свадба, а откако се слушнале звуци слични на истрели од огнено ружје ја алармирала германската полиција. Откако полицијата ја запре колоната и почна со претресот на автомобилите на свадбарте Албанци, кај нив пронајдоа дрога, димни бомби и голем број чаури.

Полицијата досега не информираше дали станува збор за плашливци или оружје од друг калибар. Но, започнале интензивни истраги за целосно расчистување на случајот.