Алко-тестот може да погреши во два случаи: „Испив две мали пива, а алкометарот покажа 4.19 промили! Веднаш се сетив кој е “виновникот“ за тоа…“

Кога ќе ве запре сообраќаен полицаец и ќе бара да “дувате“ во алкометар, а не сте пиеле тогаш треба да размислите дали претходно сте ги правеле овие работи дома…

Токму таква ситуација му се слчила на овој човек кој како што изјавил за порталот „Мондо“ испил само две мали пива.

Алкометарот може да погреши во два случаи, доколку јадете презреано овошје или пак доколку ја миете устата со листерин.

Но, како што вели човекот потоа се сетил дека претходно дома ја миел устата со листерин, течност за уста, а непостедно потоа “дувал“ во алкометарот и апаратот покажал 4.19 промили алкохол во крвта.

„Во периодот од два часа испив две мали пива (0.33) и притоа јадев па затоа потоа устата ја измив со листерин пред да ја земам девојка ми и да ја однесам дома. По пет минути ме запре сообраќајна контрола. Ме прашаа дали сум пиел и им кажав дека сум испил две пива, а тие побараат да “дувам“, а алкометарот покажа 4.19 промили алкохол во крвта“ – раскажал човекот.

„Полицајците веднаш забележаа дека тоа не е возможно затоа што нормално разговарав со нив, а би требало да бидам “клинички мртов“ доколку би имал толкава количина алкохол во крвта. Го повикаа командирот од станицата и тука настанаа проблемите и расправиите“ – продолжил човекот.

Тој вели дека по 20-30 минути дошол командирот и донел нов апарат. Тогаш биле измерени само 0.66 промили алкохол.

На крајот се утврдило дека возачите кои што го користат ова средство за миење на устата можат да се најдат во многу непријатна ситуација – ни криви ни должни.