Американски нобеловец: Најлошото од коронавирусот ќе помине побрзо отколку што се мисли

Нобеловецот и биофизичар од Стенфорд, Мајкл Левит, започнал со анализирање на бројни случаи на коронавирус во јануари и правилно предвидел дека Кина ќе излезе од најлошата фаза на епидемијата многу побрзо отколку што предвидувале многу епидемиолози.

Левит предвидува слично сценарио и за САД и остатокот од светот, пишува „Лос Анџелес тајмс“.

Додека многу епидемиолози предупредуваат на месеци, па дури и години, на масовни социјални нарушувања и милиони смртни случаи, Левит вели дека податоците едноставно не поддржуваат такво сценарио, особено во области каде што постојат разумни мерки на социјална дистанцираност меѓу луѓето.

„Она што треба да направиме е да се спротивставиме на паниката“, додаде тој. Гледајќи ја големата слика, ќе бидеме во ред“, рече Левит.

Во случајот со Кина, тој забележа на 31 јануари дека земјата има 46 нови смртни случаи од коронавирус, во споредба со 42 смртни случаи претходниот ден.

Ако бројот на смртни случаи се зголеми за 24 часа, стапката на раст почнува да се намалува. Токму таа стапка, смета Левит, зборуваше повеќе од бројките.

Тој точно предвиде дека бројот на починатите ќе се намалува уште повеќе следната недела.

Три недели подоцна, Левит предвиде дека вкупниот број потврдени случаи на коронавирус во Кина ќе биде околу 80.000 со околу 3.250 смртни случаи, што се покажа изненадувачки точно.

На 16 јануари, Кина има 80.229 случаи и 3245 смртни случаи. Бројот на новозаразени се намали на околу 25 на ден, а уште повече се намали во последните неколку недели.