Ангела Меркел предизвика загриженост поради неконтролираното тресење за време на церемонијата со украинскиот претседател (ВИДЕО)

За време на церемонијата со украинскиот претседател Володомир Зеленски, канцеларката Ангела Меркел ги загрижи сите присутни поради нејзиното неконтролирано тресење.

Сепак, според АП, по интонирањето на химната, Меркел изгледала подобро, а потоа бргу минала по црвениот килим со Зеленски и влегла во зградата во која се наоѓа нејзината канцеларија.

Пред влезот таа застанала да се поздрави со воениот оркестар.

Канцеларката подоцна на прес-конференција рече дека се чувствува добро.

На прашањата на новинарите, на што се должи овој проблем, таа одговори дека имала само потреба од неколку чаши вода.