Запознајте го највисокиот водопад во светот, 19 пати повисок од Нијагарините Водопади

Ангелски Водопад (шпански: Salto del Ángel) се наоѓа во висорамнините Гвајана, еден од големите авантуристички региони во Венецуела.

Водопадот се наоѓа во Националниот Парк „Канаима“. Паркот се наоѓа во југозападниот дел на Венецуела, јужно од реката Ориноко во регионот Гран Сабана од сојузната држава Боливар. „Канаима“ на 12 јуни 1962 година бил прогласен за национален парк.

Паркот има 3 милиони хектари, што го прави второ по големина заштитено подрачје во Венецуела и шесто место во светот.

Фасцинантниот свет на Националниот Парк „Канаима“ е совршена комбинација на магија и реалност, формирана со прекрасни планини наречени Tepuys, безброј реки, езера, водопади, шуми и савани кои се шират како зелено море.