АПСЕЊЕ НА КАТИЦА Јанева и детали ПОТОА (Фото и Видео)

Порталот ВЕЧЕР денес прв објавува – по вчерашното сослушување во Јавното обвинителство денес, дознаваме, во моментов се врши апсење на Катица Јанева шефицата на СЈО. Неофицијално, се планираат и други апсења за случајот Рекет. Порталот Вечер ќе биде во тек со настаните секој момент од постапката, и следат детали преку целиот ден.

Јавното обвинителство побара ПРИТВОР за Катица Јанева поради злоупотреба на службена положба во случајот Рекет.

По наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција, во тек е акција за приведување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Наскоро се очекува повеќе информации од Обвинителството за организиран криминал каде вчера Јанева беше на распит. Полицијата во моментов врши претрес во работните простории на обвинителката Катица Јанева во СЈО. Како што дознава „Слободен печат“, претрес се врши и во нејзиниот дом во Гевгелија.

Обвинителката Јанева беше уапсена предмалку во нејзиниот дом во Козле, по налог на обвинителката Вилма Рускоска.

Јанева вчера беше на распит во Обвинителството во врска со случајот Рекет, каде, како што информираше таа, била повикана во својство на сведок.

Од  Јавното обвинителство на Република Северна Македонија за 14 часот најавија прес конференција во врска со предметот во јавноста познат како „Рекет“. На пресконференцијата ќе присуствуваат Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески, првиот заменик на републичкиот јавен обвинител Лилјана Спасоска и Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска.

Според информации на Алсат, покрај специјалната обвинителка Катица јанева, денеска се приведени и двајца политичари поврзани со случајот „Рекет“. Засега нивните имиња не се откриваат, но од Основното јавно обвинителство прес конференција најавија за во 14:00 часот. Во меѓувреме, дознаваме дека Катица Јанева под полициска придружба е во просториите на СЈО.

Откако пплицијата ја приведе специјалната јавна обвинителка Катица Јанева од нејзиниот дом во скопската населба Козле, таа е е донесена во просториите на СЈО. Според информациите, во зградата на специјалното обвинителство се врши претрес, најверојатно во канцеларијата на Јанева. Наводно се бараат предмети кои би послужиле како доказ во истрагата за „Рекет“.

Специјалната обвинителка е осомничена во случајот и за неа неофицијално има одредени докази иако вчера се чинеше дека и покрај сè, таа нема да биде опфатена со случајот.

Иако нема информации што изјавила вчера во Обвинителството, неофицијално се дознава дека според одредени докази до кои е дојдено се укажува на неа како дел од синџирот за рекет.