БЛАМАЖА ВО ПАРИЗ: На Албанците им пуштија погрешна химна, па им се извинија под погрешно име (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Франција во дуел против Албанија во рамките од евро квалификациите, средба која доцнеше поради погрешно интонирање на химната на Албанија.

Имено, на стадионот во Париз, организаторите пуштија погрешна химна, односно се слушаше химната на Андора. Тоа многу ги налути албанските фудбалери кои во еден момент се заканија дека нема да го почнат мечот, додека не се интонира нивната химна.

Самиот меч беше одложен околу 10 минути, за конечно да започне после поправањето на грешката. Но, додатен проблем направија организаторите кои наместо на Албанија се извинија на Ерменија!?

https://twitter.com/kloppoynwa/status/1170407527789617153?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1170407527789617153%7Ctwgr%5E363937393b636f6e74726f6c&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Fblamirane-albanczite-se-chudea-vo-pariz-im-pushtija-pogreshna-himna-video%2F

Сите три селекции Албанија, Андора и Ерменија (Armenia) се наоѓаат тука некаде по азбучен ред, па оттука можеби и хаосот, односно пропустот кој го приредија организаторите од Франција.

Многу непријатности за Албанците пред мечот со светскиот шампион кој забележа нов триумф во квалификациите за ЕП 2020 со резултат 4:1 на стадионот во Париз.

На табелата во групата Х по 12 бодови после пет кола имаат Франција, Турција и Исланд, шест има Албанија, три Молдавија, а без бодови е Андора.