БОКИ 13 ЗА ИНФОРМЕР: Знам како крадат Заев и Харадинај

Српскиот весник Информер на насловната страница објавува фотографија и наслов поврзан со милионскиот Рекет на Бојан Јовановски Боки 13, кој овие денови ја тресе македонската јавност.

Боки 13 се заканува од притвор: Знам како крадат Заев и Харадинај! Со ваков наслов весникот исто така на насловната страница неведува дека откриваат се за овие детали:

Боки 13 кој во Скопје е уапсен поради милионскиот рекет порачува дека доколку наскоро не го пуштат, ќе објави бројни докази за криминалниот врзан режим во Скопје и Приштина.

Целиот текст тие го најавуваат во нивното печатено издание.