Боливискиот претседател Моралес поднесе оставка по заканите од воениот врв

Боливискиот претседател Ево Моралес соопшти дека дава оставка, oткако претходно денеска доби закани од воениот врв кој побара од него да се повлече од функцијата. Непосредно по соопштувањето, оставка поднесе и неговиот потпретседател Алваро Марсело Гарсија Линера.

Денеска шефот на армијата, генералот Вилијамс Калиман, го повика Моралес да се повлече.

Претходно денеска Моралес најави предвремени избори, попуштајќи пред зголемениот притисок околу спорните резултати од изборите на 20 октомври.

Во Боливија се одржуваа масовни протести чиј повод беше спорниот реизбор на Моралес минатиот месец.

Во неделата меѓународните набљудувачи повикаа на поништување на изборниот резултат.

Loading...