Борусија Дортмунд до фановите: Или ќе доаѓате на сите “утакмици” или на ниедна

Борусија Дортмунд ги има едни од најлојалните и најстраствените навивачи во Европа, и не планира  да толерира несериозност. Оние кои имаат купено годишни влезници а пропуштиле по некој натпревар на домашен терен, ќе бидат заменети со други.

Германија одамна е земја со најголема посета по фудбалски натпревар, а стадионите се секогаш исполнети со 99 проценти од капацитетот. За Борусија Дортмунд и тој еден процент преставува недозволива стапка.

Од Дортмунд изјавија дека на повеќе од 500 фанови им е одземена годишната влезница, поради пропуштање на повеќе од 7 натпревари. Клубот сака само лојални и сериозни фанови на трибините, а не такви кои доаѓаат само на дерби натпревари.

Нивниот стадион може да прими 80,000 гледачи и процентуално е исполнет со 99,7 од капацитетот. Но принципиелните Германци очигледно сакаат оваа бројка да биде 100 проценти. Со овој потег, тоа е лесно остварливо бидејќи се чека ред за сезонски билети, а оние што пропуштаат по некој натпревар ќе бидат заменети со нови, посериозни.