Буцкото го “кутна” шампионот

Енди Руиз во сензационален меч го нокаутираше неприкосновениот шампион Ентони Џошуа, нанесувајќи му го првиот пораз во кариерата.

Мексиканскиот боксер ги остави сите во вчудоневиденост, откако го приреди можеби најголемото изненадување во тешка категорија во последната деценија. Ваквиот исход можеби изгледаше неверојатен затоа што Руиз воопшто не изгледа како светски шампион во бокс, поради вишокот на килограми, но не секогаш победуваат мускулите и физичките предиспозиции. Сепак Руиз е одличен боксер со големо срце што го покажа во Њујорк.

За британецот Џошуа, ова е првиот пораз во кариерата кој мораше да се случи кога-тогаш. Според клаузулата тој има право на реванш, за да ги поврати појасите. Можеби и затоа не изгледаше многу разочаран после поразот.

https://twitter.com/Samantha16188/status/1135029107891343360?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1135029107891343360&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportske.net%2Fvest%2Fborilacki-sportovi%2Fsenzacija-meksikanac-preoteo-pojaseve-imamo-novog-sampiona-teske-kategorije-378137.html%3Ffbclid%3DIwAR3ExeAuLBJ27AG0Esyss5cH3lrjFVTD6GQqiYSm2zd66t4SGPo7M4_S9JA