Вилма Русковска: Задоволна сум, не очекував повисока казна, Милевски сега може да биде и сведок (видео)

Вилма Русковска, шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, вели дека е задоволна од пресудата за Зоран Милески – Кичеец, кој беше осуден на три години затвор за случајот „Рекет“ откако ја призна вината.

„Не очекував повисока казна, со оглед на тоа што распонот е голем, од една до десет години, а дополнително тој досега не е осудуван и ја призна вината. Мислам дека е добра пресудата и дополнително ќе одлучам дали ќе вложам жалба во однос на висината на казната“, рече Русковска.

Таа не ја исклучува можноста Милески понатаму да се појави како сведок за случајот „Рекет“ по предлог на Обвинителството или одбраната.

видео:макфакс

Loading...