Владата се опамети: Го повлекува законот, со кој пазарџиите требаше да вадат лиценци за да продаваат на тезгите

Владата на денешната седница го прифатила предлогот на министерството за економија законот за трговија на зелените пазари да престане со важност со кој се предвидуваше секој што продава на тезга на зелените пазари да мора да вади годишна лиценца.

Владата по скратена постапка очекува во собранието до нова година да се усвои предлогот за укинување на законот за зелените пазари а во меѓувреме министерството за економија најави дека работи на изготвување  на нов закон кој треба да биде поволен за сите вклучени во овој процес особено за пазарџиите.

Цела година се најавуваа измени на законот со кој требаше наместо една да може повеќе комори да ги издаваат лиценците а пазарџиите стоеја цврсто на ставот дека 60 евра од тезга е дополнителен товар кој многу од пазарџиите ќе ги натера да продаваат на диво. Проблематично беше и тоа што лиценци неможеше да вадат пензионери, социјалци и хонорарци.  Законот за трговија на зелените пазари донесен од група пратеници по неговото носење јануари  2018 требаше да важи од 2019 но по бурните протести од тезгаџиите дека ова се дополнителни давачки, примената на законот беше одложена за почетокот на 2020 година за сега да биде целосно укинат. Покрај за лиценците пазарџиите деновиве најавуваат генерален штрајк откако ги добиле новите ценовници со кои сметаат дека тезгите стануваат прескапи и бараат од органи.

видео:канал5