Во ЕУ се покриени само 10 проценти од побарувачката за медицинска опрема

– Нормалните капацитети на земјите членки на Европската унија можат да задоволат само 10 отсто од побарувачката за заштитна опрема и други медицински помагала како што се вештачки респиратори, јави дописникот на МИА.

Побараувачката за заштитна опрема и медицински помагала нагло се зголеми поради пандемијата на коронавирусот, се вели во интерен документ на Европската Комисија. Според проценките на Комисијата, „традиционалните синџири на снабдување можат да задоволат само околу 10 отсто од побарувачката“.

Во овој документ, Комисијата додава дека „достапноста и испораката на лична заштитна опрема и други медицински помагала, особено вештачки респиратори, останува загрижувачка низ цела Европа“. Повеќето земји-членки, вели извршната власт на ЕУ, имаат ограничени резерви и ограничена можност за забрзување на производството.