Во мистериозно индиско село со 2000 семејства има 250 пара близнаци

Доаѓање на близнаци на овој свет е многу ретка појава, според статистиките можноста да се родат близнаци е 1 спрема 80. Мегутоа во селото Кодини од популација со 2000 семејства има дури 250 пара близнаци.

Селото Кодини е слично како сите други села во околината, единствено што го разликува е тоа што има неколку пати повеќе близнаци. Ова е официјално најголем процент на близнаци во светот, а научниците што се бават со генетика немаат било какво научно објаснување.

Локалниот лекар Кришнан Шливиу смета дека овој феномен е голема мистерија. Тој вели дека и жените кои од ова село се омажуваат во друго исто така раѓаат близнаци, што значи дека причината треба да се бара кај луѓето а не во местото како такво.

Некои научници дури излегоа со размислување дека раѓањето на близнаците е поврзано со загадената вода за пиење, но лекарот Шливиу вели дека има и други места во околината со уште позагадена вода а го немаат овој феномен.

Исхраната, пијалоците и обичаите се исти како во сите села во регионот, затоа неможе причината да се бара во некоја супстанца која ја внесуваат жителите.

Друг локален лекар Лаила вели дека во минатото во селото постоеле многу бракови помеѓу роднини, и дека зголемен број на близнаци се раѓаат во села каде брак помеѓу крвни сродници е вообичаен, но сепак бројката на другите села е далеку помалка од Кодини.