Дали пацификот ќе ја преживее борбата со пластичниот отпад!?

Пловечки остров од пластичен отпад плови во северниот дел на Тихиот Океан. Всушност, станува збор за отпад кој е далеку поголем од тоа што се предпоставуваше.

Според последните научни истражувања, станува збор површина од 1,6 милиони квадратни километри или пак над 79.000 тони пластика.

Кога би сакале да направиме споредба со бројките кои веќе ги споменавме, пловечкиот остров зафаќа површина четири пати поголема од Германија! Што се оеднсува пак до тежината на истиот, станува збор за тежина од 500 џамбо џета.

Енормоното загадување на океаните во последните неколку децении, како со пластичен отпад така и со абсорбцијата на јаглерод диоксид, го доведува во прашање опстанокот на нашата планета.

Загрижува фактот дека 99,9 отсто од отпадот кој го креирал пловечкиот остров е пластика – материјал кој не се, или пак е екстремно тежок за разградување!

Повеќето од големите парчиња се скршени така што многу од нив се непрепознатливи, вклучувајќи мрежи за риболов јажиња, амбалажи, шишиња, контејнери итн.

Се додека не сватеме дека уништувањето на природата, премолчувањето на ваквите ексцеси, невклучување во борбата против CO2, пластичниот отпад, сечењето на шумите – е општествена одгворност на секој од нас, толку повеќе ќе бидеме сведоци на бројни природни катастрофи кои би можеле засекогаш да го променат општеството во кое живееме!