Во Пекинг е отворен новиот аеродром за кој се очекува да стане најфрекфентниот во светот

Футуристичкиот нов аеродром во Пекинг, кој се очекува да стане еден од најпрометните во светот, го отвори денес претседателот Си Џинпинг.

Си го прогласи за отворен новиот аеродром во облик на ѕвезда во кратко обраќање на церемонијата во огромниот терминал, неколку дена пред земјата да одржи голема прослава за одбележување на 70 години комунистичко владеење.

Новиот аеродром е лоциран на 46 километри јужно од плоштадот Тијананмен, Меѓународниот аеродром во Пекинг Даксинг ќе работи со полн капацитет во 2040 година, со осум писти и потенцијал да прими 100 милиони патници годишно.

Аеродромот се смета како соодветно олицетворение на „кинескиот сон“ што Си им го понуди на своите сограѓани.

И странските и домашните превозници најавија планови да ги пренесат своите операции на новиот аеродром.

Кинеската влада смета дека изградбата на аеродромот била неопходна за унапредување на меѓународната конкурентност на Пекинг и за интегрирање на економската зона Пекинг-Тианџин-Хобеј.

Изградбата на аеродромот во вредност од 11,5 милијарди долари започнала во 2014 година.

Дизајниран е од архитектката Заха Хадид во форма на морска везда.

Според државните медиуми, на секој час ќе има околу 300 полетувања и слетувања.