Во САД има регистрирано повеќе од 300 суперхерои од реалниот живот

Дека американците се “мераклии” на суперхерои, гледаме од успешноста на филмовите кои обработуваат ваква тематика. Нема филм со суперхерој кој лошо поминал на американскиот пазар, колку и на европјаните да им изгледа несфатливо.

Ако ве прашаат вашите децата, дали постојат суперхерои во реалниот живот, размислете два пати пред да им кажете НЕ. Во повеќе американски градови оваа заедница има растечки тренд и целата работа ја сфаќаат прилично сериозно. Носат маски, наметки и имаат имиња како свое “алтер его”. Секој со своја посебна вештина се бори против криминалот, и во заштита на изнемоштените и бездомниците.

Објаснувањето кое оваа организација ја дава, е дека луѓето ја изгубиле довербата во владата и во  нејзината желба и способност да ги заштити оние на кои најмногу им треба помош. Колку и да изгледа инфантилно, сепак не може да му се замери на никој што сака да го направи светот подобро место за живеење, а дека не остануваат незабележани говори и фактот што телевизиската мрежа HBO за нив специјано сними и документарен филм.