Во утроба на убиена ајкула пронајдена човечка рака со венчален прстен

Оваа недела била убиена ајкула која е видена како плива во близина на туристичката плажа, бидејќи ја сметале за опасност спрема луѓето кои биле таму на одмор.

Се верува дека еден британски турист кој исчезнал за време на викендот, бил изеден од страна на ајкула откако ја пронашле неговата рака во нејзината утроба.

44-годишниот Шкот исчезнал за време на одморот на францускиот остров Реунион кој се наоѓа источно од Мадагаскар. Тој заедно со сопругата отишол на викенд, а во саботата тргнал сам на пливање во блиската лагуна и исчезнал.

Кога не се вратил, неговата сопруга побарала помош и започнала истрага која вклучувала бродови, нуркачи, кучиња трагачи на копното и хилихоптери, пренесува Дејли Меил. За жал, не успеале да го пронајдат.

Оваа недела била убиена ајкула која е видена како плива во близина на туристичката плажа, бидејќи ја сметале за опасност спрема луѓето кои биле таму на одмор. Направени биле обдукции на ајкулата и уште 4 други риби, а пронајдена е отсечена рака на која бил и венчалниот прстен на британскиот турист.

Изворот за полицијата на Реунион изјавил дека семејството мажот го опишале како одличен пливач, но полицијата не ја исклучила можноста дека мажот можеби се удавил и тоа ја привлекло тигрестата ајкула.

Тие се наредниот вид на ајкула, после големата бела, кои напаѓаат луѓе, а околу отокот Реунион биле многу чести. Од 2011 година биле пријавени 24 напади, од кои 11 биле фатални, а локалните власти често покренуваат ралични кампањи за да се соочат со проблемот. Многу плажи околу островот се затворени за пливачи и сурфери, но забраните често се игнорираат, што понекогаш може да доведе до фатални последици.