”Вратата кон пеколот”: Кратер кој гори 40 години

Во 1971 година во малото село Дарваза, околу 260 километри северно од главниот град Ашхабат во Туркменистан се наоѓа кратер кој гори веќе 40 години. Некогаш дел од Советскиот Сојуз, подрачјето богато со природни ресурси привлекло многу геолози од поранешната држава.

Еден ден кога се одвивало бушењето, геолозите во комбинација со руска вотка случајно пробушиле масивна пештера полна со природен гас. Земјата веднаш се срушила заедно со опремата и се содал кратер широк повеќе од 90 метри а длабок околу 20 метри.

Бидејќи метанскиот гас е многу штетен за околината морале брзо да реагираат па одлучиле да го запалат за да изгори, по нивната проценка за 4 дена. По 40 години гасот непрестано гори.

Добродојдовте во Дарваза, или како што локалците ја нарекуваат: Вратата кон пеколот, која е единствена туристичка атракција во тој реон.