Гастрономска мапа: Нутриционист ги анализира познатите кујни во светот

Нутриционистот Џорџ Хамлин-Вилијамс ги проучувал навиките за јадење низ целиот свет и ја открил тајната на слабеењето. Подолу прочитајте го заклучокот на британскиот експерт за тоа кои земји се хранат здраво, а кои нездраво.

 

Тој тврди дека овошје и зеленчук треба да се јадат седумпати на ден, а риба трипати на ден.

Со оглед на тоа што стапката на дебелина во Велика Британија е десетпати поголема отколку во земјите како Кина, нутриционистот од клиниката во Нотингем започнал да ги истражува навиките во исхраната за да открие што прават другите поразлично. Тој ги анализирал и лошите навики на луѓето од некои земји.

Едно од најздравите менија, според него, доаѓа од Кина.

Иако јадењето седум порции овошје и зеленчук на ден е повеќе од препорачаната доза, нутриционистот смета дека тоа не може да има лош ефект врз здравјето.

„Со таа количина цел ден ќе имате чувство на ситост и енергија“, вели Џорџ.

Сепак, и Кинезите имаат лоша навика, а тоа е додавањето премногу сол во храната.

„Во кинеската кујна има сос од соја што содржи неверојатно висока количина сол“, изјавил нутриционистот, додавајќи дека премногу сол доведува до висок крвен притисок. „Исто така, солта може да предизвика мозочен удар, срцев удар и бубрежни заболувања.“

Нутриционистот ги пофалил Јапонците и насоките дадени од нивните нутриционисти.

„На Јапонците им се советува да јадат три до пет порции риби дневно. Овој тренд од Јапонија се шири низ остатокот на светот, па така е прифатен во Кенија и во Малезија“, тврди нутриционистот.

Што се однесува до лошите навики во исхраната, тој ја посочува Италија. Нивната храна е богата со јаглени хидрати, а просечен Италијанец јаде две до три порции леб на ден.

„Тоа е премногу, со оглед на тоа што станува збор за бел леб. Интегралното брашно е добра замена за белиот леб. Покрај тоа, Италијанците тврдат дека е здраво да се јаде по еден кекс дневно. Тие се обидуваат да го ограничат внесувањето слатки, но сепак кексите што ги јадат се полни со дополнителен шеќер или со чоколадо“, вели тој.

Што се однесува до грчката исхрана, тој повторно е претпазлив.

„Маслото може да биде здраво, но заради подготовката може да варира. Многу луѓе не ги следат рецептите, па затоа претеруваат со маслото, а тоа е погрешно“, истакнува нутриционистот.

Гастрономска мапа

Бразил – само природно

Во Бразил јадат претежно непреработена храна. Ова е добра навика затоа што преработената храна е полна со шеќер и сол. Наместо рафинирани јаглени хидрати, како што се оние од белиот леб, јадете здрави јаглени хидрати како овошје, зеленчук и компири.

Јапонија – повеќе риби за здраво срце

На Јапонците им се советува да јадат три до пет порции риби дневно. Рибите се богати со омега-3 масни киселини и се најдобрата храна за мозокот. Нутриционистот додава дека оние кои редовно јадат риби имаат помал ризик од срцев или мозочен удар и од развивање срцеви заболувања.

Кина – овошје и зеленчук

Кинезите јадат седум порции овошје и зеленчук на ден. Овошјето и зеленчукот се полни со витамини, минерали и фолна киселина коишто го намалуваат нивото на хомоцистеинот во крвта што предизвикува коронарна срцева болест.

Грција – премногу мрсна храна

Грците препорачуваат мрсна храна еднаш или двапати неделно. Иако маслото е составен дел од медитеранската исхрана, подготовката во масло може да биде опасна. Нутриционистот тврди дека многумина не се придржуваат кон правилата за подготовка, па затоа ставаат премногу масло.

Италија – премногу јаглени хидрати

Италијанците јадат две до три порции леб на ден, што е премногу, особено ако лебот е бел. Како алтернатива земајте печива од интегрално брашно.

Loading...