Германците не знаат што да прават со 350.000 дизелаши

По скандалот со Фолксваген, се повеќе европски градови наметнуваат ограничувања или забрани за дизел возила.Тоа е неповолна положба за дилерите на половни автомобили, наведува Дојче веле.

„До неодамна, продажбата на дизел одеше одлично, а сега не можам да се ослободам од нив заради тие забрани. Еве, дизел Пасат, еуро 6, речиси нов автомобил, не можам да го продадам ни за 7.000 евра пониска цена“, вели Акајган Хасан, сопственик на продавница за половни автомобили во Германија.

Според германското здружение на трговци со автомобили, дизел возило старо три години, со поминати 45.000 км, губи половина од својата вредност.

Во рацете на германските дилери моментално има околу 350.000 понови половни автомобили, во вредност од пет милијарди евра, што не можат да најдат купувач.

„Сите ми велат да возам автомобил на Балканот, да го извезам во Србија, Хрватска, има поминато 300.000 километри, а може уште повеќе“, вели еден дилер.

Во 2018 година, 226.000 користени возила беа извезени од Германија на пазарите во Источна и Југоисточна Европа. Тоа е двојно повеќе отколку во 2013 година, пред скандалот со Фолксваген, кога беа извезени 142.000.

Германците се помалку купуваат дизел заради забраната, односно ограничувањата, т.н. еколошки зони, кои се воведени во педесетина германски градови во последните години. На „дизелашите“ им е забрането влегување во центарот на Штутгарт и Хамбург, а според најавите, забраните ќе бидат уште поригорозни во иднина. Со исти чекори се движат и во Милано и Лондон, нагласува медиумот.

Loading...