Героски распали по водителот на 24 анализа: Зошто Вие немавте храброст да истражувате и да објавите се за масовниот рекет

Она што јас го напишав беше пренесување по допрен глас, од моите извори, од оние кои ми ја кажаа вистината за „Рекет“ до ЈО. Повеќе од тоа јас лично не можев да направам, бидејќи повеќе од тоа значеше кршење на законот. Кому пречи што јас сум ги раскажувал приказните под псведоними, тоа е некој прекршок, праша Героски во емисијата 24 анализа „Што мисли за аферата „Рекет“ сега, новинарот кој го откри случајот во јавноста?“

На ова се додаде водителот на емисијата кој бил ученик на новинарот Бранко Героски. Еве како реагираше тој:

– Знаете ли што пречи. И самиот вие зборувавте против таков начин на водење на новинарство. Вие самиот сте предавале на студенти, сте ми предавале и на мене меѓу останатите, значи дека тоа не е новинарство, дека треба да се има ставот на двете страни, докази па потоа да ја објави приказната.

Вие сте биле голем противник на такви колеги, кои се што ќе слушнат во јавноста ќе напишат па било било, не било не било, па после нека се тркала приказната, рече водителот на емисијата.

На ова жестоко реагираше новинарот Бранко Героски кој со повисок тон го праша водителот: Чекајте, чекајте, било било или не било не било во мојот случај? Зошто Вие не го направивте тоа, еве вие не ги слушнавте, сите знаевте за емисијата Инсајдер, сите знаете дека беа најавени емисии за некој бизнисмен кој имал куќа, за Азманов кој имал такви гревови, вакви гревови. Сите знаевме дека се рекетирани тие луѓе. Господинот Азманов сам кажа дека бил рекетиран, зошто вие не истражувавте, па вие да објавите.

Погледнете го интервјуто односно дуелот ОВДЕ

Loading...