Големи материјални штети и десетици повредени во земјотресите во Албанија

Два земјотреса попладнето ја погодија Албанија, а беа почувствувани и во западниот дел од Македонија и во Скопје.

Првиот, во 16.05 часот, беше со епицентар кај Драч, со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала и на длабочина од 10 километри во Јадранското Море. Петнаесет минути подоцна, исто така на неколку километри од Драч, беше регистриран уште еден силен земјотрес со јачина од 5,6 степени. Во Македонија земјотресот најмногу беше почуствуван во охридскиот регион. Силниот земјотрес предизвика сериозни оштетувања врз згради и објекти во Албанија. Тамошните медиуми информираат за десетици повредени.