Дали рециклираните пластични патишта ќе помогнат да ја спасииме планетата?

Пластичниот отпад е дефинитивно најзагрижувачкиот момент на секоја држава. Ова претставува нерешен проблем дури и на најразвиените држави како што е Америка – чиј што пластичен отпад го транспортира до земјите од третиот свет.

Сведоци сме на енормно загадување и скиселување на океаните, уништувајќи го животинскиот и растителниот свет кои живее таму.

Повеќето од најголемите светски откритија се имаат случено во периоди кога човештвото било под одредени “притисци” (војни, емидемии, природни катастрофи итн).

Така денеска “балгoдарение” на климатските промени, загадуваењто и пластичниот отпад имаме ново револуционерно откритие. Со оглед на нужноста од вакво решение, многу држави ширум светот започнаа со применувањето на овој метод градејќи илјадници километри на рециклиран пат, каде за жал Македонија не е меѓу нив.

Што се однесува до перформансите на овој производ, тој е всушност поскап од традиционалниот асфалт, но има подолг рок на траење, така да кога би гледале на долги стази, дефинитивно станува за повеќе од ревулционерно откритие!

Патот кон позелена иднина ќе ги заштити океаните и почвите од пластичниот отпад, ќе доведе до целосно рециклирање на истиот, одржлив развој, заштита на животната околина и ублажување на последиците од глобалното затоплување.

Loading...