Демонстрантите во Боливија ги презедоа медиумите, претседателот бара помош од Папата

Противниците на претседателот Ево Моралес ги зазедоа зградите на два државни медиуми , на телевизијата на Боливија и на радиото Партија Нуева.

Според официјален претставник, тие ги присилиле вработените да ги напуштат работните места.

„Бевме насилно протерани откако нашите вработени беа загрозени“, рече директорот на Патрија Нуева, Иван Малдонадо.

Десетици вработени ја напуштија зградата држејќи се за раце додека околу 300 демонстранти ги навредуваа.

Откако демонстрантите влегоа во зградата, окупираните радио и телевизија емитуваа само музика.

Моралес го осуди преземањето на медиумите.

„Тие велат дека ја бранат демократијата, но делуваат како диктатура“, напиша  тој на Твитер.

Опозицијата одбива да го признае реизборот на Моралес, бидејќи смета дека изборите на 20 октомври биле лажирани.

Набргу откако провалиле во двата државни медиуми, демонстрантите упаднале и во радио во сопственост на селанската унија на ЦСУКТБ.

„Како член на ЦСУКТБ, витална организација на домородното и селското движење, го осудувам кукавичкиот и дивјачки напад на радиото од страна на тие конфедералци. Пучистите ги напаѓаат просториите на унијата во стилот на воените диктатури“, напиша боливискиот претседател.