Демонстранти насилно и ја избричија главата на градоначалничка и ја полија со црвена боја (видео)

Боливиската градоначалничка Патриша Арце беше јавно понижена од толпата демонстранти , кои и ја ишишаа косата и ја полија со црвена боја.

Градоначалничка на мал град во Боливија беше нападната од опозициските демонстранти кои ја влечкаа низ улиците боса, ја полија со црвена боја и насилно и ја исекоа косата.

Патриша Арце од владејачката партија Мас по неколку часа беше предадена на полицијата во градот Винто.

Ова е последен во низата насилни судири меѓу приврзаниците на владата и противниците , по контроверзните претседателски избори.

Најмалку три лица досега загинаа во протестите во главниот град Ла Паз.

Група антивладини демонстранти го блокираа мостот во Винто, мал град во провинцијата Кочабамба во централна Боливија, како дел од нивните секојдневни демонстрации по претседателските избори на 20-ти октомври.

Демонстрантите ја обвинија градоначалничката Арче дека е  приврзаник на претседателот и дека е одговорна за насилството на полицијата , во кое се зборува дека имал двајца загинати демонстранти.  Додека масата извикува  „убиец, убиец“ маскирани мажи ја влечеа градоначалничката боса низ улиците до мостот. Таму, ја натераа да клекне , и ја исекле косата и ја обоиле во црвена боја. Портоа  ја принудија да потпише писмо со оставка.

Арче на крајот била предадена на полицијата која ја однесе во локален здравствен центар.