Дејвид Гилмор ја продаде својата колекција на гитари за 21 милион, и го донираше целиот износ

Легдендарниот гитарист Дејвид Гилмор, на уште полегендарната група Пинк Флојд, на аукција ја продаде својата колекција од 127 гитари за повеќе од 21 милион долари, и сите ги донираше на органиација за заштита на планетата.

На аукцијата која е одржана во Нујорк собрани се точно 21.490.750 долари а поставени се и неколку светски рекорди во продажба на гитари. Прв помеѓу нив е легендарниот “Black Strat”, Фендер Стратокастер од 1969 кој Гилмор го користел за снимање на сите албуми на Пинк Флојд, од “The Dark Side of the Moon” до “Final Cut”. Тоа е последниот инструмент продаден на аукцијата и тоа за неверојатни 3.975 милиони долари, што според аукциската куќа ова е најголемата сума за гитара продадена на аукција.

Две други легендарни гитари исто така се продадени . Претпроизводниот бел Стратокастер со златни делови и сериски број 0001 продаден е за 1.815 милион долари, и “Мартин” 35 од 1969 година со кој Гилмор ги напишал најголем број од песните на Пинк Флојд. Продажната цена на оваа акустична гитара е 1.095 милион долари, што е рекорд при продажба на гитара од производителот “Мартин”.

На аукцијата исто така е поставен и рекорд при продажба на “Gibson Les Paul” моделот. Во овој случај се работи за “Gold top” од  1955 на кој Гилмор го свирел солото од “Another Brick in the Wall, Part 2.” a продаден е за 447.000 долари.

Но најважно од се е што Гилмор целиот износ го донира на глобалната организацијата “ClientEarth“, која се дефинира како добротворна органинизација која ја користи моќта на законот како би ја заштитила планетата и луѓето кои живеат на неа.

“Ние сме адвокати и експерти за заштита на околината, и се бориме против климатските промени и за заштита на природната средина„ изјавија од “ClientEarth”.

“Глобалната климатска криза е најголемиот предизвик со кој човештвото некогаш се соочило, и за неколку години ефектите од глобалното затоплување ќе бидат непоправливи. Се надевам дека продажбата на овие гитари ке им помогне на “ClientEarth” во својата задача да ги искористат сите расположливи средства за да се направи вистинска промена. Потребен ни е цивилизиран и здрав свет во кои ќе раснат нашите внуци, и свет во кој ќе може да се пее и свири„ рече Гилмор.