Докторка на прес-конференција со Трамп откри дека имала температура: Претседателот тргна да бега (ВИДЕО)

На вчерашниот брифинг на тимот за борба против коронавирусот во Белата куќа, д-р Дебора Биркс откри дека за време на викендот имала температура, при што претседателот Доналд Трамп кој стоеше до нејзе на шега тргна да си оди.

– Во саботата, имав температура, рече докторката кога Трамп тргна да си оди, но набргу се сврте и се врати смеејќи се на шегата.