Драма во Торино: Наполи се врати по 3:0 негатива, за да Кулибали си постигне автогол во 92. минута (видео)

Јувентус и Наполи одиграа феноменален дерби-натпревар во второто коло од „Серија А“, во кој „старата дама“ во неверојатна завршница стигна до победа од 4-3. Јуве водеше со 3-0, а потоа Наполи со три гола во рок од петнаесетина минути се врати и израмни на 3-3.

Најдобриот дефанзивец на гостите, Кулибали, се претвори во огромен трагичар откако со несмасна интервенција си постигна автогол во судиското продолжение, и предизвика огромно разочарување кај своите сиограчи и Карло Анчелоти.

Мечот почна извонредно за Јувентус, кој поведе со 2-0 преку Данило и Игуаин, а потоа при овој резултат Кедира не искористи два зицери. „Старата дама“ го постигна третиот гол во 60. минута преку Роналдо и се чинеше дека на гостите ќе им се случи дебакл, но избраниците на Анчелоти воскреснаа и го шокираа шампионот со три брзи гола, дело на Манолас, Лозано и Ди Лоренцо.

Loading...