Советот се огласи: Донесена е едногласна одлука за Катица Јанева

Советот на јавни обвинители денеска едногласно одлучи дека се исполнети условите за почнување постапка за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Канева, која е во притвор како осомничена за случајот „Рекет“.

Претседателот на Советот на ЈО, Коле Штерјев по седицата изјави дека ќе биде изготвен извештај кој ќе биде доставен до Собранието, кое понатаму треба да ја продолжи постапката за разрешување на Јанева.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја осомничи Јанева дека ја злоупотребила службената положба и овластување и му овозможила на осомничениот Орце Камчев, во предметот „Империја“, да излезе од притвор и да добие времен пасош.

Обвинителката Вилма Рускоска завчера по состанокот во Советот на јавни обвинители каде беше неколку часа и одговараше на прашањата на членовите за постапката на разрешување на Јанева, изјави дека Обвинителството знае каде се дел од парите од „Рекет“. Посочи дека сé уште се работи на финансиската истрага и оти за дел од парите знат каде се, а за дел работат на тоа.

„Советот едногласно одлучи да почне постапка за разрешување на Катица Јанева”, рече Штерјев.

Тој посочи дека денеска или најдоцна утре извештајот за Јанева ќе биде испратен до Собранието.

Loading...