Емпатија што? Во Данска ја учат на училиште

Данска е најсреќната држава во Европа и меѓу трите најсреќни во светот, според извештајот за среќни држави на Обединетите Нации (World Happiness Report). Според научниците тоа што емпатијата е задолжителен предмет на училиште од 1993 година, е најбитната алка за среќата на граѓаните.

Емпатијата помага во градење на здрав однос помеѓу луѓето, превенира насилство и потикнува успех во работата. Промовира развој на лидери, бизнисмени и менаџери. Емпатичните тинејџери имаат тенденција да бидат поуспешни бидејќи тие повеќе се орјентирани кон остварување на своите цели во споредба со понарцисоидните врсници.

Во данските училишта еден саат во неделата е резервиран за таканаречениот “Klassens tid”, час по емпатија за учениците од 6 до 16 години. овој час преставува фундаментален дел од данската наставна програма, подеднакво важен како математика и мајчин јазик.

За време на овој час учениците дискутираат за своите проблеми, поврзани со училиште или генерално од животот. Целиот клас заедно со наставникот, се обидуваат да најдат решение базирано на слушање и разбирање на другиот. Доколку нема поставени проблеми на двевен ред, учениците го поминуваат времето релаксирајќи се и уживајќи во заедничкото друштво, на едно поинтимно ниво од регуларните часови.

Голем број на странски психотерапевти и научници се обидуваат да сфатат како Данците ги воспитуваат своите деца. Заклучокот кај повеќето е дека тимската работа го врши најголемиот дел, бидејќи 60% од задачите кои ги имаат учениците се сработуваат заеднички. Фокусот на целиот систем не е поединецот да се истакне колку е понапреден од другите, туку да му се помогне на оној што не е толку надарен за одредедениот предмет. Од овие причини Данска е прогласена за едно од најдобрите места за работа во Европа.

Натпреварувањето е екслузивно само за со себе, не во односот со другите. Данските училишта немаат награди и признанија за своите ученици по ниеден предмет, па и во спортот, за да не се креира вештачка компетитивност. Наместо тоа тие форсираат култура на мотивација за подобрување, мерена исклучиво во односот сам со себе.

Која е разликата на Данска во споредба со остатокот од светот? Во една студија на универзитетот во Мичиген анализирани се 14.000 студенти, и заклучено е дека младите денеска имаат 40 проценти помалку емпатија во споредба со врсниците од осумдесетите и деведесетите, пропратени со зголемени ментални проблеми и депресија. Многу заклучуваат дека ова се должи на фактот дека нашето општество постана премногу нарцисоидно и самоабсорбирачко во споредба што било пред 30 години. Единствено на северот на Европа не е забележан таков тренд, каде што живеат едни од најсреќните луѓе во светот.