Етиопјаните во еден ден засадија 350 милиони дрвја

Етиопјаните во еден ден успеаа да засадат 350 милиони стебла, со што го срушија светскиот рекорд, пренесува ББЦ. Прокетот на масовно садење го обмислил премиерот Абиј Ахмед, со цел да се поништат ефектите од соголувањето на земјиштето и климатските промени, поради кои се почесто земјата е погодена од  суша.

Јавните канцеларии се затворени за да можат и државните службеници да учествуваат во акцијата, пренесува ББЦ.

Според податоците на ОН, шумските површини во Етиопија се намалени за 35 проценти во почетокот на дваесетиот век, и дополнитилени 4 проценти во текот на 2000-тите.

Абиј ја покрена акцијата за колективно садење на стебла во рамките на својот проект ”Иницијатива за зелено наследство” која се реалзиира на 1.000 локации ширум земјата, а крајна цел е да се засадат дури 4 милијарди нови дрвја.

Светскиот рекорд до сега го држеше Индија, кога во 2016 година повеќе од 800.000 волонтери засадија 50 милиони стебла за еден ден.

 

Loading...