Заев се дружи со Трамп и Столтенберг (фото)

Премиерот Зоран Заев кој учествува на Самитот на НАТО во Лондон, на својот фејсбук профил објави заеднички фотографии со претседателот на САД, Доналд Трамп и со генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

– Македонската иднина е гарантирана со вакви сојузници. Безбедни, сигурни и стабилни учествуваме во сите глобални и демократски процеси кои светот го движат напред. Северна Македонија е 30-та земја членка на НАТО, тоа носи просперитет и сигурна иднина за сите наши граѓани, за сите наши деца, напиша Заев на фејсбук.

Loading...