Заев си ја измонтира изјавата и го исфрли зборот ”педер”

Премиерот Зоран Заев денеска се огласи на Фејсбук, споделувајќи го вчерашното видео, но измонтирано и без делот со скандалозната и навредувачка изјава.

-„Јас сум бopeц човек и ќе продолжам да се бopaм за овие вредности до крај. Додека граѓаните ми даваат позиција. Секако дека нема да дозволам, неколку кpиминалци, еден суетен новинар и да ми извини, ЛГБТ заедницата, еден педep да ја симнат оваа Влада од власт. Не.“, ова е делот кој е изоставен во ново-монтираното видео на Заев.

Измонтираното видео од Заев.

Ќе се бориме до крај затоа што секој што се инволвирал секако ќе си носи одговорност.

Верувам во транспарентни истраги верувам во многу прецизни и брзи истраги, посебно за вакви случаи.Јас, уште еднаш напоменувам, сум човекот којшто го пријави овој случај. Да не биде тоа заборавено. Денеска оваа политичка гарнитура, преку извршната власт, создаде услови правосудството, Јавното обвинителство, непречено да работи, без разлика дали некој бил газда на медиум којшто ја поддржувал власта, денеска тој е во притвор.Во сите земји коишто создавале услови да владее правото, органите на прогонот да си ја вршат работата, никаде не било лесно, секаде било трауматично. И кај нас не е лесно, и е трауматично. Но, така ќе бидеме правна држава и држава којашто сите ја посакуваме. Дојдов благодарение на гласот на граѓаните, борејќи се и за слобода и за демократија и за правна држава и за владеење на правото и за нормална земја. Ќе се бориме до крај затоа што секој што се инволвирал, секако ќе си носи одговорност.

Gepostet von Zoran Zaev am Mittwoch, 14. August 2019

Оригиналното видео од вчерашната прес-конференција на Заев.

Заев: Нема да дозволам криминаци, суетен новинар и педер да ја урнат Владата.ВИДЕО: https://ohrid1.com/archives/19835

Gepostet von Ohrid 1 am Dienstag, 13. August 2019