Закажано судењето за Катица Јанева и Боки13 за „Рекет”

Кривичен Суд го закажа стартот на судскиот процес за случајот Рекет, па на 3 декември Катица Јанева, Боки13 и Зоки Кичеец излегуваат пред Судот.

Предметот со КОК бр. 116/19 против Б.Ј., К.Ј. и З.М. согласно АКМИС – електронскиот систем е распределен кај судечки совет со кој претседава судија Васка Николовска – Масевска, соопштија од судот.

Главната расправа по предметот е закажана на 3. декември годинава во 10:00 часо.

Доставени се веќе и покани до странките, се вели во соопштението од Основен суд Скопје 1.

Loading...