Зграда во Драч се распука на два дела при земјотресите

На фотографијата превземена од албанските медиуми се гледа зграда во Драч која распукала по должината, на два дела, како последица од двата земјотреси што се случија попладнево.

Првиот беше во 16 часот и 4 минути, земјотрес со јачина од 5,8 степени , 33 километри западно од Тирана и 6 км северно од Драч, во Јадранското Море, на длабочина од 10 км.

Земјотресот е почувствуван и во западниот дел на Македонија, како и во Скопје, со помала јачина,.

Вториот земјотрес со јачина од 5,5 степени се случи 11 минути по првиот, во 16 часот и 15 минути.

Вториот земјотрес е на 27 км западно од Тирана, 7 км североисточно од Драч и 6 км северозападно од Шијак.

Длабочината на овој земјотрес е 3 км.