Зошто жителите на Виена повеќе користат јавен превоз отколку автомобили?

Годишната карта за превоз во Виена изнесува 365 евра, па затоа дури 852.000 жители го користат јавниот превоз.

Со тоа, веќе четврта година во Виена има повеќе корисници на годишни карти за јавен превоз отколку регистрирани автомобили.

„Задоволни сме со овој позитивен развој, системите на јавниот превоз кои функционираат одлично се клучни за заштита на животната средина во нашиот град. Секој кој ќе се одлучи да го користи јавниот превоз, а не неговиот автомобил придонесува за чист воздух“, вели Ули Сима, пратеничка задолжена за јавниот превоз.

Граѓаните ширум Виена ги превезуваат 129 автобуси, 28 трамвајски и 5 метро линии. Јавниот градски превоз е брз, редовен и доверлив, а дневно поминуваат рута од вкупно 1150 километри.

Патниците се возат од најоддалечените делови на Виена и тоа по многу ниска цена- годишната карта изнесува едно евро на ден, што е многу поевтино за разлика од другите метрополи.

Во Берлин годишната карта изнесува 882 евра, во Хамбург 1.988 евра, а во Лондон околу 4.000 фунти.

За да продолжи овој тренд, виенското јавно претпријатие Wiener Linien во наредната година ќе вложи дури 368 милиони евра за да ја прошири понудата и мерките за заштита на животната средина.

Според податоците од 2019 година, во Виена живеат 1.897.491 жители.