Зошто комарците ни ја пијат крвта, и зошто не чеша нивниот убод

На светот постојат повеќе од 3.000 познати видови комарци, а само 80 од нив касаат луѓе. Иако имаме голема причина да ни се наоѓаат на врвот на листата на најдосадни инсекти, сепак има некои фасцинантни причини поради кои треба да им се восхитуваме.
Научниците сметаат дека се чудо на еволуцијата, бидејки се 50 пати полесни од една капка вода, сепак тие без никаков проблем летаат кога паѓа и обилен дожд. Од бебе до возрасен комарец пораснуваат за само 5 дена, а делот со кој не касаат се смета за еден од најсофистицираните делови на тело во животинското царство.

Поради што комарците ни ја пијат крвта ?

Само женските комарци пијат крв, и не ја користат за исхрана, туку за положување на своите јајца. Откако женката ќе го добие својот ”оброк од крв”, таа ќе се повлече и ќе мирува неколку дена додека нејзиното тело ги развие јајцата и ги метаболизира протеините од крвта која ја конзумира, произведувајќи амино киселини кои се основа за создавање на протеини во јајцата.

Женските комарци се сметаат за најсмртоносните животни на планетата. Секоја година тие со своите убоди шират маларија која убива 2 до 3 милиони луѓе, и инфицира уште 200 милиони други. Покрај маларија, комарците пренесуваат и жолта грозница, денга грозница, Вирусот од западен Нил и уште неколку опасни болести.

Но не сите врсти на комарци се опасни на овој начин, посебно оние кои живеат на овие простори. Комарците се хранат со нектарот од цветовите, вие најверојатно ќе бидете единствената особа со кој женката била во контакт.

Поради што комарците не ни ја пијат крвта?

Доколку сте еден од среќниците на кои комарците не сакаат да им ја пијат крвта, еве и зошто:

Комарците се многу вешти при детектирање на хемикалиите од луѓето. Тие можат да го анализираат јаглеродниот диоксид во нашиот здив, хемикалиите од нашата пот, како и други органски супстанци кои ги произведуваме. Толку се супериорни што можат да откријат повеќе од 70 мириси од хемиски супстанци во нашето тело.

Нивните рецептори можат да ги насетат трагите од нашите хемикалии со одалеченост од неколку стотини метри, а кога еднаш ке го избере трагот, тие го следат својот оброк и со денови.

Ако ви се чини дека вие секогаш сте покриени со убоди од комарци од глава до пети, а особата до вас нема ни еден, на овие крвопијци највистина им се допаѓате.  Некои луѓе емитираат повеќе мириси кои на комарците им се неодоливи, други пак емитираат мириси кои нив ги одбиваат или ги сметаат на некорисни.

Ако сте пак еден од оние кои се редовна мета на комарците, но нивниот убод не оставаа оток или јадеж, тоа значи дека сте развиле имунитет на хемикалијата која тие ја оставаат на телото. Ова е честа појава кај луѓе кои често се касани од комарци, но ваквиот имунитет може да го снема ако неколку години не се касани.

Што се случува во нашето тело веднаш по бодежот?

Кога женката комарец ќе го боцне својот ”нос” во човечката кожа за да може да се напие крв, таа ја испушта и својата плунка во нашето тело. Хемискиот состав на плунката им овозможува да ја пијат крвта побрзо поради антикоагулантниот коктел што ја содржи (супстанца која спречува згрудчување на крвта).

Откако доволно ќе се напие и ке одлета, оставаејќи ја плунката во телото, нашиот имун систем почнуа да реагира на оваа страна супстанца. Многу брзо почнува да произведува разни антитела кои се врзуваат за плунката од комарецот, а се активира и хистаминот како би ја зголемил пропустноста на капиларите, за да леукоцитите и другите протеини кои се вклучуваат во борбата против страните тела.

Хистаминот во нашето тело предизвикува воспалителна реакција. Поради него крвните капилари во околината на бодежот натекуваат и створат розева испапченост која силно не зајадува.

Ако се почешате, ќе создадете само уште полош ефект, бидејќи вашиот имун систем ова дразнење ќе го протолкува како додатен напад, при што ќе створи уште повеќе антитела за да ги неутрализира страните тела. Што повеќе се чешате, повеќе ќе биде испакната кожата и јадежот ќе трае подолго.

Како да се бориме против јадежот?

-Еден од докажаните начини дека делува е да залепите парче селотејп на местото каде сте укасани, и да го оставите таму неколку часа. Ова не само што ќе помогне да се одстрани дел од плунката која го предизвикува чешањето со што ќе го забрзате процесот на опоравување, туку и многу брзо значително го смалува јадежот.

-Друг начин е да поминете со ”roll-on” дезодоранс преку местото на убодот. Чувството на чешање би требало да помине скоро веднаш. Алуминиумските соли во антиперспирантите му помага на телото да ја растворат течноста од плунката на комарецот.

-Уште еден начин е да го премачкате местото со паста направена од сода бикарбона и вода.

-Исто така ефикасно е кога парче платно натопено во топла вода да го држите на отокот минута или две. Јадежот би требало веднаш да го снема.

-Уште еден добар домашен лек е и да го намачкате местото со лак за нокти.

-Флексибилната мембрана од внатрешноста на лушпата на јајцето од кокошка, ако ја залепите на проблематичното место, таа ќе се исуши при што со себе ќе ја повлече плунката од комарецот.

-Измасирајте го местото со растворен сапун, јадежот ќе исчезне веднаш.