Игра на тронови од Северна Ирска направи сериозна туристичка атракција

Рекордни бројки се забележени оваа година во Северна Ирска кога туризмот е во прашање. Главен ”виновник” е Игра на тронови, која привлече голем број туристи кои се воодушевени од убавините на оваа земја прикажани во серијата.

Според статистиките, секој шести турист кој ја посетил ”зелената земја” е поради Игра на тронови, извести  ”Irish Times”.

Туристите потрошиле 58 милиони долари за да прошетаат по ”кралскиот пат”, и да ги посетат тврдините како што е ”Winterfell” каде здружените вечни непријатели се бореа против ”живите мртовци”.

„ Игра на тронови драматично го промени северноирскиот туризам и погледот кон Северна Ирска како битна туристичка дестинација. Само минатата година се забележани 350.000 туристи кои не посетиле заради серијата“ изјави Џон Мекрилен, директор на Туристичката организација на Северна Ирска.

Во државата постојат 26 локации кои долго се користеа за снимањето на серијата, а сега откако заврши снимањето се отворени за сите туристи.

Во 2020 година во Банбриџ ќе се отвори и големо студио, каде посетителите ќе можат да гледаат снимки од ”позади сцената” за време на продуцирањето на серијата. На пат до филмските сцени на посетителите ќе им биде понудена богата кулинарска понуда, организирани излети со посебни ефекти каде туристите ќе можат да се почувствуваат како индивидуални ликови од серијата. За да се оствари оваа цел турстичката организација соработува со многу ТВ и филмски студија.