Има над 4.500 тестови за коронавирус и неделно се надополнуваат со нови 2.000 тестови

Во нашата земја, засега, има доволно тестови за коронавирус. Над 4.500 во Институт за јавно здравство и плус во приватните болници.
A lab assistant works on samples after an AP interview with Christian Drosten, director of the institute for virology of Berlin’s Charite hospital on his researches on the coronavirus in Berlin, Germany, Tuesday, Jan. 21, 2020. (AP Photo/Michael Sohn)

,,Не е точно дека нема тестови за коронавирус, оваа е безобразна невистина на Мицкоски која е демантирана и од надлежното Министерство за здравство.

Во државата има доволен број на тестови, над 4.500 тестови има само во Институтот за јавно здравје и дополнителни количини во приватни клиники., а со првичната набавка неделно се надополнува количина од по 2.000 теста.

Не е точно ниту дека ќе се намалат пензиите како што јавно лаже Мицкоски. Со економските мерки на Владата кои се преземаат се спасуваат 250.000 работни места, се обезбедува основен приход на граѓаните и се гарантира исплата на сите пензии и социјални трансфери.

Работниците, пензионерите, граѓаните може да бидат спокојни, државата е тука за нив и помага.

Нема  да дозволиме Мицкоски да ги загрози пензиите на 515.000 пензионери. Небулозните „мерки“ на Мицкоски со кои бара да се земат парите на граѓаните од вториот пензиски фонд се неприфатливи и тоа нема да се дозволи.

Ако веќе не може да помогне, Мицкоски нека не одмага, а своите фрустрации да престане да ги истура врз граѓаните.

Владата, институциите покажаа подготвеност и капацитетност да се справат со кризата, преземаат навремени мерки и тоа ќе продолжат да го прават и понатаму“-се вели во реакцијата од СДСМ.

Претседателот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера во интервју изјави дека Македонија располага едвај со 100-150 тестови за коронавирус.