Зимување на плажа: Индонезиски остров за хедонисти

Последните години, со оглед на тоа што авионските карти се значително поевтини од порано, луѓето се почесто на летување одат на далечни дестинации, што значи дека многумина Божиќ го минуваат сончајќи се на плажа, а ова е еден од островите кои се се попопуларни.

Една од дестинациите за која луѓето се одлучуваат е Индонезија, а љубителите на коњи посебно се привлечени од островот Сумба.

На социјалните мрежи во последно време се појавуваат снимки од коњи кои слободно галопираат на плажа на која удираат бранови. Оние кои ги интересираат коњи се интересираат и за локацијата каде може да уживаат во таквата глетка.

На островот Сумба, на западниот брег во провинцијата Ванокака се наоѓа еден од најдобро оценетите еколошки резервати во светот Нихи Сумба.

На тоа место се направени снимки од прекрасни коњи кои уживаат во вода, а посетителите ако сакаат можат да одат на часови по јавање, и на коњи да ја откриваат природата на овој дел од островот, или да учествуваат во спортови како поло.