Иран: Први апсења поради рушењето на украинскиот авион

Иран соопшти дека државните власти привеле неколку лица поради поврзаност со случајното рушење на украинскиот патнички авион.

Претседателот Хасан Рохани неодамна изјави дека истрагата ќе ја надгледува „Специјален суд“ и истакна дека за овој „трагичен настан“ не треба да се обвинува само поединецот кој „го повлекол чкрапалото“.

Украинскиот авион се урна минатата среда во близина на аеродромот во Техеран, при што загинаа 176 патници и членови на екипажот. Првите три дена по несреќата, Иран негираше дека неговите вооружени сили го срушиле авионот и сугерираше дека несреќата се случила поради технички дефект.