Историска трка на легендарните буба, пегличка, стокец, југо, фиќо и рено четворка

Организирањето на трка на легендарните автомобили од бивша Југославија кои и ден денешен сеуште се возат по нашите улици е навистина добра идеjа. Така дечките од Youtube каналот Atmosferci го организираа овој настан мерејќи ги силите на овие ретро автомобили!

Популарната пегличка односно Fiat 126 BSI, буба или Volkswagen 1200 J, Yugo 45,  рено четворка или Renault 4 TL, стокец или Zastava 101 и легендарното фиќо односно Zastava 750 LE се колите кои застанаа на стартната линија.

Како што можеме да забележеме, сите овие модели се сеуште присутни на македонските патишта. Повеќето од нив се во својата оригинална состојба додека некои од нив се реставрирани и претставуваат вистински олдтајмери.

Сведоци сме дека модата постојано црпи креативност од минатото, така да топло би ви препорачале да не продавате доколку поседувате некој ваков автмомобил, туку едноставно гo зачувате и извадете некоја подостојна сума во иднина.

Во продолжение ви го претставуваме видеото од легендарната трка:

Loading...