ИСТРАЖУВАЊЕ: Што се има во млекото

Со помош на иновативни и многу сензитивни методи на истражување, Шпанско-Марокански научници востановиле дека може да има и до 20 аналгетици, антибиотици и хормони за раст во само една чаша млеко. Некои научници велат дека овие количини не се доволни да влијаат на човечкиот организам, сепак многу од овие додатоци при констатно внесување можат да предизвикаат сериозни проблеми.

Научниците анализирале 20 примероци од кравјо и козјо млеко кои ги купиле во стандардните маркети во Шпанија и Мороко. Во млекото пронашле прав мал хемиски коктел од состојки кои се давани на животните во периодот пред молзењето како и во нивната стандардна исхрана.

Некои од контаминантите кои се наоѓаат во трагови се triclosan  (анти-габичен лек), 17-beta-estradiol (сексуален хормон) и  florfenicol  (антибиотик).

Иако сите видови на млеко содржеле некакви хемикалии, кравјото млеко е најконтаминирано. Тоа е очекувано, бидејќи кравите редовно добиваат антибиотици, хормони за раст и се хранат со контроверзна генетски модифицирана храна.

За жал ако купите млеко од голем производител на млеко и млечни производи неизбежно во него ќе ги најдете овие хемикалии, тврдат научниците од универзитетот Јаен во Шпанија.

Што се се наоѓа во комерцијално произведените млека?

Niflumickiselina – антивоспалителен аналгетик

Mefenamickiselina – аналгетик

Ketoprofen – аналгетик

Diclofenac – аналгетик

Fenilalanin – аналгетик

Florfenicol – антибиотик

Estron – природен хормон

17-beta-estradiol – сексуален хормон

17a – ethynilestradiol – стероиден хормон

Naproksen – аналгетик

Fluniksin – аналгетик

Pyrimethamine – лек против маларија

Diklofenak – аналгетик

Triclosan – анти-габичен лек

 

Доколку  редовно пиете млеко, научниците од универзитетот Јаен советуваат да не го купувате од големите маркети, туку да пронајдете органски произведено млеко кое е супериорно во однос на конвеционалното млеко, бидејќи кравите кои се одгледуваат на овој начин не добиваат антибиотици, хормони и ГМО храни.

Втора опција е да се распрашате и да се потрудите да стапите во контакт со локални фармери на кои им верувате, и да го купувате млекото директно од нив.

Loading...