Кавадаречките свештеници ги повикуваат верниците во црквите во време на пандемија! (видео)

Свештениците од кавадаречките храмови одржаа литургија против корона вирусот.
Тие се помолија за спас на човештвото, но и качени во отворено возило поминаа низ градот и го осветија.

-Во сите заштитни мерки против вирусот се препознава вирусот на неверието. Први кои кажаа да се затворат храмовите и да не се служи света литургија се оние лажни верници кои никогаш не се причестиле. Ѓаволот не мирува и не спие и сака да ги оддалечи луѓето од светата причест. Сведоци сме на такви дејства, насочени против крштевките и причестувањето. Во време на пандемија, кога секаде се труби за тоа, фабрики со стотици вработени работат со полна пареа. А нас ни кажуваат дека во храмовите ќе се заразале од причест! Болни од разни болести, лепрозни и со туберколоза се причестувале, па свештениците останувале живи и здрави, а како што гледаме и самите, долговечни и со добро здравје – пред храмот Света Софија во Кавадарци аплираа кавадаречките свештеници, убедувајќи ги верниците дека не треба да се плашат да ги примаат свештениците во домовите.

-Ве уверувам и апелирам да доаѓате во црквите, да ги целувате иконите и да се причестувате без страв. Црквите со молитви и темјан се борела против болести. Ако така лесно се ширеа болести од иконите, црквата ќе беше исчезната. Секој се стресува од помислата на смртта, а воскресението е лек против тој страв. Кога ќе воскеснеме ќе живееме вечен живот, живот кој нема крај. Подобро е да умреме причестени со Христос, отколку да останеме да живееме без Христос – е само дел од говорот на свештениците кој ги шокираше граѓаните, бидејќи во време на пандемија, покрај сите препораки за изолација, повикаа на собири во црквите.

Свештениците од кавадаречките храмови со литургија против корона вирусот

Gepostet von КТВ-телевизија am Mittwoch, 25. März 2020